Бруклин нетс на своите ѕвезди им изнајмувал вили и апартмани за да се забавуваат со љубовниците

EPA-EFE/JASON SZENES

Бруклин нетс сезонава направи тим со голем број на ѕвезди, а главниот збор го имаа Кевин Дурент, Кајри Ирвинг и Џејмс Харден, но повредите ги спречија да ја остварат целта и да играат во големото НБА финале.

Управата на Бруклин отиде чекор понатаму во задоволувањето на потребите на своите ѕвезди, а новинарот Мет Саливен кој е автор на книгата „Can’t Knock the Hustle on the Nets “ за случувањата во сезоната 2019/20, тврди дека управата на своите ѕвезди им ги исполнувала сите желби на своите ѕвезди, дури им изнајмувал и вили и апартмани во кои времето го поминувале со љубовниците.

– Високо позициониран функционер на Бруклин кој е задолжен за финансиите на клубот, ми кажа дека екипата функционира со голем број бланко чекови од доаѓањето на ѕвездите. Може се работи за изнајмување на куќа во Калифорнија на седум за провод со девојката или љубовницата, за провод со пријателите или за купување на било каква опрема. Управата на клубот не гледаше проблем во тоа – изјави Саливен во емисијата ја Ден Ле Батард, а потоа открива и како се кршеле правилата за време на пандемијата на коронавирусот.

Едноставно ќе изнајмат куќа, вила или апартман на сметка на клубот. Тие момци не плаќаат со свои пари. Финансискиот тим на Бруклин секоја недела ги прегледува сметките и мисли дека работите ги има под контрола, а потоа им доаѓаат нови трошоци направени од кошаркарите и го прилагодуваат буџетот. И секој пат пронаоѓаат нешто ново. Многу работи кои Нетс ги прави не се чисти и затоа „подигнаа“ таков ѕид околу себе. На пример, во време на пандемијата, Кајри, Кевин Дурент и нивните пријатели од тимо тренираа во салата на Коби во Калифорнија. Тоа беше забрането, но тие имаа тајни тренинзи за што побрзо Ирвинг и Дурент да се вратат во форма – вели новинарот Саливен.

Правилата на колективниот договор помеѓу НБА лигата и унијата на професионални кошаркари забрануваат било каква компензација на играчите надвор од тоа што е одредено во нивните договори. Кршењето на тие правила може да резултираат со големи парични казни, па дури и со раскин на договорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот