Бруклин Бекам го позајмил луксузниот автомобил на својот татко и едвај излегол од него

бекам
Фото: Profimedia/EPA-EFE

Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин, решил да го позајми луксузниот спортски автомобил на својот татко, а судејќи по фотографиите, тоа не се покажало како многу добра идеја.

Бруклин Бекам сеѝѝднал зад воланот на скапиот „McLaren 765LT“ чија вредност се проценува на 330.000 евра, што е само еден од богатата колекција на автомобили на неговиот татко. Паркирајќи во близина на продавници во Лос Анџелес, Бруклин сфатил дека не може да излезе од возилото. Повеќе фотографии можете да видите овде.

бруклин бекам
Бруклин Бекам / Фото: Profimedia

Тој прво се обидел да се извитка од автомобилот со чаша пијалак и мобилен телефон во раката. Во еден момент се откажал и ги спуштил работите за да ги ослободи рацете и конечно успеал да се ослободи од луксузната прегратка.

Инаку, Дејвид е познат по тоа што е голем љубител на автомобили, а овој што го поседува е еден од само 765 примероци произведени во светот. Легендарниот фудбалер во свој стил го израдувал својот син на денот на неговата венчавка со наследничката Никола Пелц. По трогателниот говор, му подарил винтиџ модел на „Jaguar“ од 1954 година, кој вреди половина милион долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот