БРУК ШИЛДС: Никој не може да заработува од моето име

принтскрин/Instagram

Актерката Брук Шилдс (53) е позната по густите веѓи и ја тужи познатата шминкерка Шарлот Тилбури (46) токму поради нив.

Шминкерката едно моливче за веѓи го нарекла според глумицата, а не побарала дозвола од неа. Познатата актерка смета дека Шарлот сака да се збогати користејќи го нејзиното име. Шилдс јасно дала до знаење дека е потребна нејзина согласност пред некој да се обиде да заработи на нејзините веѓи.

Брук Шилдс тврди дека и самата истражува и размислува да создаде сопствена козметика со акцент на производи за веѓи и доколку во продавниците веќе постои моливче за веѓи со име Брук Ш., тоа може само да ги збуни потенцијалните купувачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот