Бронзен медал за Енис Алиу во „SHADOWBOXING CHALLENGE”

Европската боксерска федерација ЕУБЦ, организираше интересен настан со наслов „SHADOWBOXING CHALLENGE” на кој сите боксери од Европа испраќаа свои видеа од тренинг кои се објавени на социјалните мрежи.

Македонскиот боксер Енис Алиу од клубот Алексо Огненовски од Охрид, во конкуренција на боксери до 14 години освои бронзен медал.

„SHADOWBOXING CHALLENGE” беше одговор на пандемијата предизвикана од коронавирусот, започна на 11 мај и траеше до крајот на месецот, а специјалното жири ги одбра најдобрите видеа.

Одлуката на жирито се темелеше на техниката на боксерите, одбраната и нападот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот