Бројот на жртви во земјотресот во Сирија и Турција надмина 8.400

– Бројот на загинати од разорниот земјотрес во Сирија надмина 2.500, со што вкупниот број на загинати во Турција и Сирија надмина 8.400.

Британските медиуми пренесуваат дека спасувачите соопштуваат дека бројот на жртвите во северозападна Сирија, дел од земјата што е под контрола на опозицијата, се зголемил на повеќе од 1.280.

Спасувачкиот тим на невладината организација „Бели шлемови“ соопшти дека во тој дел на Сирија, што не е под контрола на владата, се повредени над 2.600 лица.

Британските медиуми јавуваат дека бројот на загинати се очекува значително да се зголеми бидејќи стотици семејства се уште се под урнатините, повеќе од 50 часа по земјотресот.

Сирискиот министер за здравство синоќа соопшти дека бројот на жртвите во делот на земјата под контрола на владата се зголемил на 1.250, пренесе државната агенција Ал-Икбарија. Според него, повредени се 2.054 лица.

Претходно во Турција беше потврдено дека во земјотресот во таа земја загинале 5.894 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот