Бројот на жртви од торнадото во САД се искачи на 18, без струја се 90.000 луѓе

Бројот на жртвите од торнадата, кои го погодија југот и средниот запад на САД, во петокот се искачи на 18.
Седум лица починаа во округот Мекнари, во близина на Мисисипи, изјави Дејвид Лекнер, градоначалник на Адамсвил.
„Поголемиот дел од штетата е направена во домови и станбени блокови“, рече Лекнер, додавајќи дека иако проверувале дали сите жители се пребројани, спасувачките екипи оделе од куќа до куќа и проверувале за да се уверат дека сите се таму.

За време на концерт во Илиноис се урнал покривот на театарот, додека 260 луѓе беа присутни во просторијата.
Четири лица загинаа во градот Вин, Арканзас, додека жртви се пријавени во Алабама, Илиноис, Индијана и Мисисипи.
Гувернерката на Арканзас, Сара Хакаби Сандерс, активираше 100 членови на Националната гарда за да им помогне на локалните власти да се справат со штетите.

Речиси 90.000 луѓе се без струја во Арканзас, според веб-страницата која ги следи прекините на струја. Прекини на струја се забележани и во Ајова, Мисури, Тенеси, Висконсин, Индијана и Тексас.
Временските услови во петокот беа слични на оние од пред една недела кога починаа 21 лице и оштетени беа околу 2.000 домови во Мисисипи, соопштија метеоролозите.
Метеоролошката служба за следниот вторник прогнозира нова серија интензивни невреме во истото подрачје како и минатата недела.