Бројот на заразени во светот надмина 16 милиони, сите ја чекаат вакцината

epa08485997 People who visited or live near Xinfadi Market as they use mobile phones to make an appointment for COVID-19 testing at Youan Hospital in Beijing, China, 15 June 2020. Beijing conducted COVID-19 tests on more than 76,000 people on 14 June. According to media reports, over 50 people tested positive for COVID-19 on 14 June. EPA-EFE/STRINGER

Се забрзува ритамот на пандемијата во светот со повеќе од 16 милиони случаи на заразени од коронавирус, од кои повеќе од половина се на американскиот континент, а вирусот во неделата беш детектиран и во изолираната Северна Кореја, јавуваат агенциите.

Ковид-19 се појави и во Северна Кореја која досега тврдеше дека е поштедена, но во неделата покренаа масовна тревога, по објавата на првиот сомнителен случај.

Со повеќе од пет милиони нови случаи од 1 јули, или повеќе од третина забележани од почетокот на пандемијата, од болеста ковид-19 во светот починаа најмалку 645.715 луѓе, според податоците на агенцијата Франс прес, врз база на официјални извори во неделата.

Шпанија – најбезбедна земја

И покрај порастот на бројот на случаи, шпанската влада тврди дека состојбата е под контрола и дека жариштата се „излолирани и локализирани“, како одговор на државите кои најавија ограничувања кој Шпанија. Министерката за надворешни работи Аранча Гонзалес Лаја изјави дека „Шпанија е најбезбедна земја“.

Лондон најави дека патниците од Шпанија од недела задолжително ќе одат во самоизолација, со што го изненади британскиот министер за превоз кој таму се наоѓа на летување.

Францускиот премиер Жан Кастекс „топло им препорача“ на Французите да не одат во Каталонија, пренесува АФП.

Податоците за Франција говорат за повеќе од 1.000 новозаразени за 24 часа според податоците на управата за јавно здравство и „катастрофални последници“ на економски, социјален и психолошки план. Здравствение власти објавија дека ќе овозможат бесплатни тестови без прашалници за ковид-19 додека внимателно се следи порастот на бројот на заразени по укинувањето на карантинските мерки.

Казни во Италија за неносење маски

Во Италија, властите на Кампанија најавија казни од 1000 евра за оние кои не носат маски во затворен простор.

Во Северна Кореја лидерот Кин Џонг-ун свика итен состанок на политичкото водство на комунистичката партија. Севернокорејскито претседател прогласи вонредна состојба и го затвори пограничниот град откако од Јужна Кореја илегално се врати лице за кое се верува дека е заболено од ковид-19, пренесоа државните медиуми во неделата.

Пјонгјанг од Русија претходно доби илјадници тестови за коронавирус и воведе строги контроли на границите. Илјадници луѓе во Северна Кореја се ставени во карантин како превентивна мерка против ширењето на вирусот, но неодамна се ублажени ограничувањата.

„Ниту една земја не е поштедена“, нагласи во саботата СЗО.

САД се најпогодени со 146.463 починати од 4.178.730 случаи. Пакистан (повеќе од 270.000 заболени, од кои 5.800 починати) истакна пад од 80 отсто на бројот на починати во однос на јуни. Иранските власти во неделата објавија 216 новозаболени и го повикаа населението да внимава.

Австралија во неделата имаше 10 починати и пораст на бројот на заболени иако на сила се строги мерки за ограничување на движњето. Во Латинска Америка се повеќе прослави и спортски настани се откажани, како и во Јапонија и Виетнам.

Вложување во вакцина

САД во неделата двојно го зголемија финансиското вложување на речиси милијада долари за развој на потенцијаталната вакцина против ковид-19 која ја развива американската компанија Модерна и која влегува во последната фаза од клиничките испитувања. Американската влада се обврза дека ќе даде дополнителни 472 милиони долари, покрај 483-те милиони кои веќе ги најави.

САД најавија во последните месеци големи вложувања во имунизацијата на Американците од почетокот на идната година. Додека трае трката за пронаоѓање на вакцина меѓу неколку лаборатории во светот, Модерна предничи и влегува во конечната фаза од клиничките тестови, пресудна за да се знае дали вакцината е делотворна или не.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот