Бројот на заразени во Сиднеј и понатаму расте, властите апелираат луѓето да седат дома

Сиднеј во карантин /Фото: EPA-EFE/MICK TSIKAS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Австралиските власти во Нов Јужен Велс ги повикаа жителите на Сиднеј да останат дома, предупредувајќи дека сегашната тринеделна блокада може да биде продолжена доколку не се стави под контрола последниот бран на инфекции со Ковид-19, бидејќи извештаите укажуваат на најголемо зголемување на локални случаи оваа година.

Стотици дополнителни полициски патроли во Сиднеј моментно спроведуваат мерки на градските власти за да се спречи ширењето на многу заразните инфекции со делта сојот, од кои сега има вкупно повеќе од 400 потврдени случаи.

„Нов Јужен Велс се соочува со најголемиот предизвик од почетокот на пандемијата и моментно бројките не одат во добра насока“ изјави премиерката Гледис Береџиклиан.

Таа, исто така, апелираше до жителите да не ги напуштаат своите домови освен за приоритетни потреби.

Во оваа најнаселена австралиска држава денеска се пријавени 44 локални случаи, а 43 пациенти во моментот се хоспитализирани, од кои 10 се наоѓаат на интензивна нега и четворица се приклучени на респиратори. Зголемување на инфекциите се регистрира и покрај двонеделното заклучување кое беше продолжено за уште една недела, до 16 јули.

Властите најавија дека од вечерва ќе ги заострат ограничувањата во Сиднеј и ќе ги ограничат собирите на две лица, како и движењето на жителите на 10 километри од нивните домови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот