Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина 20 милиони

Фото: Профимедиа

Во моментов, активни се 6.391.516 случаи, а од вкупниот број на пациенти, еден процент се во критична состојба.

Бројот на луѓе кои се заразени со вирусот Кковид-10 во светот надмина 20 милиони и сега изнесува 20.026.161, објави интернет страницата ворлдметерс.

Од почетокот на епидемијата починале 734.020 луѓе, а речиси 13 милиони оздравеле.

Во моментов, активни се 6.391.516 случаи, а од вкупниот број на пациенти, еден процент се во критична состојба.

Најлоша е состојбата во САД, Бразил и Индија, каде има по повеќе милиони заразени, а потоа следуваат Русија, Јужна Африка, Мексико и Перу.

Од европските земји, покрај Русија, најлоша е ситуацијата во Шпанија, каде од појавата на вирусот се разболеле над 361.000 лица, а починале повеќе од 28.500 лица, и која е на 10-то место во светот по бројот на пациенти.

Во регионот, ситуацијата е сè уште најтешка во Романија со 61.768 пациенти и 2.700 смртни случаи, и е на 41-то место во светот, а потоа и во Србија, која е на 60-то место со 28.099 пациенти и 641 смртен случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот