Бројот на заразени со коронавирус во Ломбардија денеска за зголеми за околу 2.500

Бројот заразени со коронавирусот во северниот дел на Италија, Ломбардија, во кој се наоѓа финансиски центар Милано, денеска е зголемен за околу 2.500, соопшти регионалниот гувернер Атилио Фонтана.

– За жал, денешните бројки не се добри. Постои нагло зголемување од претходните денови – изјави Фонтана и додаде дека прелиминарните бројки покажуваат оти вкупниот број на случаи во областа се зголемил за околу 2.500 за еден ден.

Бројот на заразени во Ломбардија вчера се зголеми за 1.643 на 32.346.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот