Бројот на заразени од коронавирусот во светот надмина 13 милиони

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Според пресметките на Ројтерс, кои се темелат на владини извештаи, се укажува дека болеста најмногу забрзува во Латинска Америка.

Бројот на заразени од новиот коронавирус во светот надмина 13 милиони, објави Ројтерс, одбележувајќи уште една пресвртница во ширењето на болеста која однесе повеќе од половина милион животи за седум месеци.

Првиот случај е пријавен на почетокот на јануари во Кина и требаа три месеци бројот на случаи да порасне на милион. Сега за само пет дена од 12 милиони случаи забележани на 8 јули, скокна на 13 милиони.

Бројот на случаи речиси тројно е поголем од оние заболени од тешка форма на грип на годишно ниво, наведува СЗО.

Повеќе од 568.500 смртни случаи се поврзуваат со новиот коронавирус, што е во ист опсег како и годишниот број на смртни случаи од грип во светот.

Првиот смртен случај е пријавен во Вухан во Кина на 10 јануари пред заразата да се прошири на Европа, па на САД.

Повеќето тешко погодени земји ги ублажуваат рестриктивните мерки наметнати во цел да се забави ширењето на ковид-19. Други места, како австралискиот град Мелбурн, воведуваат втор круг изолација.

Според пресметките на Ројтерс, кои се темелат на владини извештаи, се укажува дека болеста најмногу забрзува во Латинска Америка.

Во Северна и Јужна Америка забележани се повеќе од половината од светските инфекции и половина од смртните случаи.

САД забележа дневен глобален рекорд од 69.070 нови инфекции  на 10 јули. Во Бразил 1,86 милиони луѓе се позитивни на вирусот, а повеќе од 72.000 починаа од последиците на ковид-19.

Индија, земјата со трет најголем број заразени, секојдневно во просек се бори со 23.000 нови сличаи од почетокот на јули.

Во земјите со ограничен капацитет на тестирање бројот на случаи покажува само дел од вкупните инфекции.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот