Бројот на заразени од коронавирус порасна од еден милион на пет милиони за еден месец

epa-efe
Жена со заштитна маска поминува покрај улична уметност во Москва, инспирирана од пандемијата со коронавирусот во Москва / Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

За само месец и пол денови бројот на потврдени случаи на заразени со вирусот Ковид-19 во светот порасна од еден милион на 5,1 милион луѓе.

Според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс, во САД има најмногу заболени 1,5 милиони, во Русија речиси 318.000, Бразил 310.087, во Велика Британија 252.246, Шпанија повеќе од 233.000, наведува Би-Би-Си.

Како што наведуваат oттаму, тешко е да се верува дека само пред повеќе од еден месец, на 2 април, во светот беа заразени „само“ еден милион луѓе.

Бројот на заразени би можел да биде многу поголем од што било официјално објавено, бидејќи многу луѓе кои имаат благи или никакви симптоми не се тестирани и регистрирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот