Бројот на загинатите во експлозијата во Бејрут нарасна на 220, уште тројца министри поднесоа оставки

Ден по експлозијата / Бејрут, Либан / 05 август 2020 / Фото: EPA-EFE/WAEL HAMZEH

Ни оставката на тројца министри и неколку пратеници не го намалија бесот на граѓаните.

Во експлозијата која во вторникот го потресе либанскиот главен град Бејрут загинаа повеќе од 200 луѓе, рече гувернерот на градо Марван Абуд. Додаде дека уште десетици луѓе се сметаат за исчезнати, од кои многу се странски работници, додаде Би Би Си.

Во градот веќе два дена траат немири, а полицијата се судри со демонстрантите кои се незадоволни од одговорот на владата на несреќата.

Ни оставката на тројца министри и неколку пратеници не го намалија бесот на граѓаните. Се тврдеше и дека министерот за финансии Гази Вејни исто така ќе даде оставка и тоа во пресрет на состанокот на владата кој по повод кризата го свика премиерот Хасан Диаб.

Диаб рече дека експлозијата се случила поради 2,750 тони амониум нитрат кој бил непрописно складиран во бејрутското пристаниште шест години. Одлуката за  складирање на тој опасен материјал во пристаништето во близина на центарот на градот повеќето Либанци ја дочекаа со неверување. Инаку граѓаните на Либан веќе подолго време се незадоволни и ја обвинуваат владата за корупција, невнимание и лошо управување.

Порталот ал-Марсад Онлајн пишува дека Абуд рекол дека бројот на загинатите нараснал на 220, а 110 луѓе се сметаат за исчезнати. За телевизијата Ал Џадед рече дека меѓу исчезнатите се и странски работиници и возачи на камиони, поради што нивната идентификација е уште потешка.

Во меѓувреме либанската војак објави дека ја прекинала потрагата во пристаништето зошто смета дека нема повеќе преживеани.

Во Бејрут стотина илјади луѓе живеат во сериозно оштетени домови, а на многумина им се уништени прозорците и вратите.

Властите проценуваат дека експлозијата направила штета во вредонст од над 3 милијарди долари, а загубата во економијата ќе изнесува до 15 милијарди евра. Либан и пред експлозијата се наоѓаше во сериозна криза, а голем дел од населението живеат во сиромаштија и глад. Агенциите на ОН веќе претходно предупредија дека би можело да дојде до хуманитарна криза, ако на Либан не му се достави помош во форма на храна и лекови.

Вчера францускиот претседател одржа виртуелен самит на кој меѓународни донатори ветија помош за Либан во износ од 297 милиони долари. Поради загриженоста околу корупцијата, договорено е дека помошта би требало да оди директно на либанскиот народ. Ист така напомена дека идната помош на Либан и тамошните власти треба да зависи од мерките и реформите кои ги очекува либанскиот народ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот