Бројот на загинати во конфликтот меѓу ерменските и азербејџанските сили во Нагорно-Карабах достигна 600 лица

Колаж: ЕПА-ЕФЕ

Официјални претставници на двете страни јавуваат за нови воени и цивилни жртви,  бидејќи борбите и натаму траат и покрај договорот за прекин на огнот во Москва, што требаше да почне од саботата на пладне.

Воени претставници од Нагорно-Карабах денеска соопштија дека во конфликтот се убиени уште 16 нивни војници.

Од 27 септември, кога почнаа судирите, убиени се 532 припадници на војската во Нагорно-Карабах.

Азербејџанските власти не ги објавуваат своите воени загуби, но, сепак, соопштија дека имаат 42 цивилни жртви на нивна страна.

Заштитникот на граѓаните на Нагорно Карабах синоќа соопшти дека во нивната област биле убиени најмалку 31 цивил, додека стотици се ранети.

Овој последен конфликт меѓу азербејџанските сили и ерменските сепаратисти од Нагорно Карабах, поддржани од официјален Ереван, е најжесток по воспоставувањето на примирјето во 1994 година.

Двете страни меѓусебно се обвинуваат за кршење на договорот за прекин на огнот, постигнат во петокот во Москва, со посредство на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот