Бројот на загинати од експлозијата во Бејрут се искачи на 154

Бејрут, Либан / 4 август 2020 / Фото: EPA-EFE / NABIL MOUNZER

Бројот на загинати лица во експлозијата на пристаништето во Бејрут се искачи на 154, соопшти либанскиот министер за здравство Хамад Хасан.

Хасан истакна дека околу 5.000 лица побарале лекување во болница.

Во моментов 120 лица се во критична состојба. Либанските власти објавија дека експлозијата е предизвикана од пожар во складиште со 2.750 тони амониум нитрат, складирани таму од 2013 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот