Бројот на заболени до морбили расте – Тринеделно новороденче најмлад пациент

Од Клиниката за детски болести соопштија дека тринеделно новороденче е најмладиот пациент од морбили, како и тоа дека бројот на заболени е зголемен.

Детето малите сипаници ги добило од својата мајка. Во Клиниката на болничко лекување од мали сипаници се наоѓаат 15 бебиња, од кои едно е на апарати за дишење, а уште две се во тешка состојба и се наоѓаат на одделот за интензивно лекување.

Малите сипаници го спречија и лекувањето на бебе кое имало вродено заболување на црниот дроб.

Преполно со заболени од морбили е и на Инфективна каде што имаат 54 хоспитализирани пациенти, од кои во потешка состојба се две деца и двајца возрасни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот