Бројот на верници во САД значително опаѓа, покажуваат истражувањата

црква EPA-EFE

Бројот на Американци кои не се сметаат за верници, односно не се припадници на ниту една вера значително расте, покажа истражувањето на Пју Рисрч во кое учествуваа 4.000 испитаници.

Околу 29 отсто од возрасните Американци денес не се приврзани за ниту една религија, за разлика од пред 14 години кога ги имало 16 отсто, пренесува агенцијата Франс прес.

Во Америка, средиште на моќна, десничарска политичка фракција на христијани, доминантна религија сè уште е христијанството.

Но, бројот на верници значително опаѓа, покажуваат резултатите на Пју.

црква EPA-EFE/Jose Jacome

Дури 78 отсто од возрасните Американци во 2007 година се изјасниле како христијани. Сега ги има 63 отсто.

Пју од 2007 година во водењето на статистиката започна да ги води оние кои не се сметаат себеси за верници, па се опишуваат себеси како агностици, атеисти и „ништо дефинитивно“, .

Во тоа време, односот бил пет христијани на еден деклариран агностик или атеист, додека денес има само двојно повеќе, велат статистиките .

Пју не ги наведе причините за овој тренд, но тој е во согласност со широкото напуштање на христијанството низ Западот, пишува Франс пресс.

Видео на денот