Бројот на вакцинирани против коронавирусот во светот го надмина бројот на заразени

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Бројот на луѓе кои се вакцинирале против коронавирусот на глобално ниво го надмина вкупниот број на заразени случаи во светот, објави руската агенција ТАСС.

Во светот се вакцинирани најмалку 105,1 милион луѓе, а вкупно заразени од коронавирус се околу 103,9 милиони луѓе.

Најголем број вакцинирани има во Соединетите Американски Држави 33,7 милиони, потоа Велика Британија со 10,2 милиона и Израел со 5,05 милиони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот