Бројот на умрени во САД од коронаворусот надмина 70.000 лица

Епидемијата на коронавирусот во САД е посмртоносна од кој било сезонски грип од 1967 година, кога починаа околу 100.000 лица.

Бројот на умрени од коронаваирусот во САД денеска ја надмина бројката од 70.000 лица.

Според податоците објавени на веб-страницата „Worldometers”, во САД од Ковид -19 умреле 71.148 лица.

Речиси 1,2 милиони лица во САД се позитивни за вирусот, што е повеќе отколку вкупната бројка во  Шпанија, Италија, Велика Британија, Франција и Германија.

Според Универзитетот во Вашингтон, проценетата бројка на смртни случаи до 4 август сега е двојно зголемена и ќе изнесува  на 134.000, пренесуваат британските медиуми.

Епидемијата на коронавирусот во САД е посмртоносна од кој било сезонски грип од 1967 година, кога починаа околу 100.000 лица.

Бројот на умрени од Ковид-19, мисто така, е поголем од бројот на американски жртви за време на војната во Виетнам, во која животот го загубија 58.220 Американци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот