Бројот на туристи во Македонија до септември поголем за 49,8 отсто од лани

Охрид./ Фото: Архива на Слободен печат

Во септември годинава во земјава се евидентирани 68 578 туристи, од кои 46.5 % домашни, а 53.5 % странски, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во септември изнесува 165 486, од кои 48.8 % се од домашните туристи, а 51.2 % од странските.

Во периодот јануари – септември 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 49.8 %. Кај домашните туристи има зголемување за 23 %, а кај странските за 127 %.

Во периодот јануари – септември 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 33.9 %. Кај домашните туристи зголемувањето е за 15.4 %, а кај странските за 150.8 %.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот