Бројот на туристи во февруари намален за 41,7 проценти

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

 Бројот на туристи во февруари е намален за 41,7 проценти, а бројот на ноќевања за 36,8 проценти во однос на истиот месец лани. Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика, во февруари имало 27.569 туристи, а реализирани се 60.013 ноќевања.

Бројот на домашните туристи е намален за 10,4  проценти, а бројот на странските туристи за 60,2 проценти. Бројот на ноќевањата на домашните туристи е намален за 14,8 проценти, а бројот на ноќевањата на странските туристи за 52,1 отсто.

Во периодот јануари – февруари во однос на истиот период лани, бројот на туристите е намален за 45,7 проценти и тоа кај домашните туристи има намалување за 11,3 отсто, а кај странските за 65,4 отсто. Во овој период бројот на ноќевањата е намален за 38,9 проценти и тоа кај домашните туристи има намалување за 15,1 процент, а кај странските за 56,4 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот