Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Индија надмина 30.000 лица

Многу експерти тврдат дека бројот на заразени може да е многу поголем од официјалните статистики.

Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Индија достигна 30.601, а за една ноќ се регистрирани околу 50.000 новозаразени, покажуваат официјални податоци.

Во последните 24 часа во земјата се регистрирани 740 нови смртни случаи од вирусот и 49.310 новозаразени, соопшти индиското Министерство за здравство.

Многу експерти тврдат дека бројот на заразени може да е многу поголем од официјалните статистики, со оглед на тоа што во земјата не се прават доволно тестови.

Испитувањата за антитела, кои ги нарача Владата, оваа недела покажаа дека речиси една четвртина од луѓето во Њу Делхи го имале вирусот, што е речиси 40 пати повеќе од официалната бројка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот