Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Италија се зголеми за 837

Фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус во Италија се зголеми за 837 на 12.428, соопшти денеска Агенцијата за цивилна заштита.

Бројот на новозаразени е зголемен за 4.053 во однос на вчерашните 4.050, со што вкупниот број на заразени од избувнувањето на епидемијата на 21 февруари е 105.792.

Во неделата беа регистрирани 4.217 нови случаи, додека во саботата имаше 5.947 нови случаи.

Бројот на смртни случаи од вирусот во Ломбардија, најтешко погодениот регион во Италија, опадна нагло, а бројот на новозаразени опадна веќе трет ден по ред, што укажува на тоа дека ситуацијата таму се подобрува побрзо отколку во другите делови на земјата.

Во соседниот Пиемонт, бројот на жртвите е 105, значително поголем од претходниот ден.

Од заразените на национално ниво, 15.729 целосно закрепнале од 14.620 претходниот ден.

Вкупно 4.023 пациенти се на интензивна нега, што е повисоко од претходниот број 3.981.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот