Бројот на сиромашни во Италија пораснал за 34 отсто

Италијанците се повеќе бараат помош да најдат работа, да им се помогне да платат кирија или рата за станбен кредит, родителите бараат помош за децата на училишна возраст, за лекување и лекови.

Во најтешките месеци на пандемијата на Ковид-19, од март до мај, бројот на сиромашни во Италија се зголемил за 34 отсто, односно лица кои прв пат бараат помош.

За разлика од периодот пред коронавирусот, кога повеќето биле странци, сега оние кои бараат помош, дури 61 отсто, се Италијанци.

Според податоците на анкетата која е спроведена од 1 до 27 јуни, луѓето се повеќе бараат помош да најдат работа, да им се помогне да платат кирија или рата за станбен кредит, родителите бараат помош за децата на училишна возраст, за лекување и лекови.

Евиденцијата на италијанскиот Каритас покажува дека во време на пандемијата луѓето најмногу барале храна, но сега имаат потреба од наоѓање работа.

Каритас Интернешналс е конфедерација на 165 католички организации за помош, развој и социјални услуги, кои работат во над 200 земји и територии низ светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот