Бројот на потврдени случаи на инфекцијата со коронавирусот расте побрзо од кога било

Фото: Профимедиа

Бројот на заразени пациенти со коронавирусот ширум светот расте побрзо од кога било, пишува Си-Ен-Ен.

Во април, новите случаи во еден ден никогаш не надминуваа 100.000 во еден ден, но заклучно со 21 мај, за само пет дена се евидентирани помалку од 100.000 случаи, покажуваат податоците од универзитетот Џон Хопкинс.

Бројот на нови случаи го достигна својот врв на 3 јуни кога беа пријавени 130.400 новозаразени.

Зголемувањето на инциденцата може делумно да се објасни со зголемувањето на капацитетот за тестирање, но вистинската слика за инфекцијата не е јасна во многу држави кои сè уште имаат намален капацитет.

Пораст во Јужна Америка, Блискиот исток и Африка

Кина, САД, Велика Британија, Италија, Шпанија и Франција, ова се земји кои претходно беа погодени од вирусот, а бројот на нови случаи во нив опаѓа.

Сепак, во многу земји, а особено во Јужна Америка, Блискиот исток и Африка, стапките за пренос се чини дека растат.

Во Либија, Ирак, Уганда, Мозамбик и Хаити, податоците покажуваат дека бројот на познати случаи се удвојува секоја недела. Во Бразил, Индија, Чиле, Колумбија и Јужна Африка, случаите се дуплираат на секои две недели.

Бројни земји го поминаа својот врв (Јужна Кореја, Германија и Кина), но забележаа нови жаришта на инфекција, предизвикувајќи страв од втор бран.

Вистинските броеви за коронавирусот се веројатно полоши отколку што се мисли, имајќи предвид дека честопати не се дијагностицирани они лица со благи симптоми или лицата кои се асимптоматски носители на вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот