Бројот на починати од Ковид-19 во Белгија се зголеми за 90 отсто за една недела

epa08503593 Hospital staff lay flowers as they gather in front of the hospital to pay tribute to a caring staff member who died from COVID-19 on 21 June, while she worked in the COVID-19 unit at the Etterbeek-Ixelles site of the Iris Sud Hospitals in Brussels, Belgium, 23 June 2020. EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Здравствената состојба во Белгија продолжува да се влошува, откако оваа недела е регистриран пораст за 89 отсто на бројот на починати од Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел.

Институтот за јавно здравје на Белгија на редовната прес-конференција соопшти дека моментално се хоспитализирани 2.485 пациенти поради коронавирусот, од кои 412 се на интензивна нега.

Ова е речиси истата состојба како и кон крајот на март годинава.

Регистрирани се 21 нов смртен случај. Помеѓу 9 и 15 октомври имало 30 починати дневно, претходната недела оваа бројка изнесуваше 16, што претставува зголемување од 89 отсто.

Загрижува фатот што во текот на изминатиов викенд се хоспитализирани 257 нови случаи, што е невообичаено за викенд, кога традиционално се регистрираат ниски бројки. За три недели бројот на нови хоспитализирани пациенти е зголемен за седум пати.

Според Институтот за јавно здравје, бројот на новозаболени во изминатите 24 часа изнесува повеќе од девет илјади, но реално се веројатно повеќе, со оглед на тоа дека центрите за тестирање се преоптоварени и доцнат со резултатите

(Извор:МИА)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот