Бројот на починати од коронавирусот во САД надмина 100.000

Бројот на починати од коронавирусот во САД премина 100.000 за помалку од четири месеци, што е најмногу во светот, а 1,69 милиони заразени во земјата претставуваат околу 30 отсто од глобално инфицираните, се наведува во новите податоци.

Првиот случај на зараза во САД е регистриран во Вашингтон на 21 јануари.

Вкупниот број на починати во САД е 100.276 соопшти Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Мериленд, кој води евиденција за пандемијата.

Дописникот на Би-Би-Си јави дека тоа е речиси исто како бројот на американски војници кои починале во Кореја, Виетнам, Ирак и Авганистан за време на претходните 44 години.

Според бројот на починати во однос на бројот на жители, САД се на деветта позиција, позади земјите како Белгија, Велика Британија, Франција и Ирска, наведува Универзитетот.

Во светот се забележани 5,6 милиони случаи на зараза со коронавирусот, а починати се 354.983 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот