Бројот на починати од коронавирус во САД надмина 50.000

epa08381358 A handout photo made available by the US Navy shows sailors aboard the hospital ship USNS Mercy (T-AH 19) conducting an interventional radiology study on a patient aboard the ship, in Los Angeles, California, USA, 18 April 2020 (issued 24 April 2020), during the coronavirus disease (COVID-19) pandemic. Joshua Davis, a patient aboard the hospital ship USNS Mercy, has been recovering aboard the ship after being transferred from a local Los Angeles hospital. Mercy deployed in support of the nation's COVID-19 response efforts, and serves as a referral hospital for non-COVID-19 patients currently admitted to shore-based hospitals. EPA-EFE/US NAVY/MC2 ABIGAYLE LUTZ HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Вчера беа пријавени околу 20.000 случаи на новозаразени.

Бројот на смртни случаи од коронавирусот во САД надмина 50.000, според евиденцијата на универзитетот „Џон Хопкинс”.

САД се светски епицентар на пандемијата. Во земјата, епицентар е градот Њујорк со повеќе од 16.000 жртви, јави дописникот на МИА.

На ниво на САД, регистрирани инфекции од коронавирус има кај повеќе од 870.000 Американци. Вчера беа пријавени околу 20.000 случаи на новозаразени.

Иако епидемијата се шири, некои сојузни држави планираат отворање на локалните бизниси и зголемена социјална интеракција, соочувајќи се со прашањето како да се отвори економијата без да се предизвика втор бран на епидемија.

Законот за помош на болниците, за тестирање, и за поддршка на малите бизниси во висина од 484 милијарди долари изгласан од американските законодавачи, денеска треба да биде потпишан од претседателот Доналд Трамп.