Бројот на патници во државава намален за 70 проценти, АМЕРИТ бара итни мерки од Владата

Асоцијацијата бара укинување на патарините за превозниците, операторите транзитираат со намален број патници и трпат големи економски штети.

Укинување на патарините за превозниците во автобускиот и товарниот сообраќај, поради загубите што се предизвикани од кризата со коронавирусот, побара од Владата Асоцијацијата Македонија сообраќај како мерка која ќе помогне во справување со кризата со која се соочуваат превозниците во земјава. Од таму велат дека од минатата недела бројот на патници е намален за 70 проценти, а автобуските линии се редуцирани за 52 процента.

– Бараме итно Владата да донесе мерка барем за укинување на патарините, бидејќи нашите превозници оперираат секој ден со намален број патници и колку е можно да ги намалиме загубите што ги трпат, изјави денска Лефтер Андонов, директор на Македонија сообраќај Америт.

Андонов апелираше возачите во товарниот транспорт да ги почитуваат препораките за мини карантин при транзитирање, додавајќи дека потврди за возачите кои транзитират издава Македонија сообраќај Америт во соработка со Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот