Бројот на новозаразени во светот во последната недела се зголеми за речиси четири милиони

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Бројот на нови случаи на заразени со коронавирусот во светот во последната недела повторно се зголеми за речиси четири милиони, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Според СЗО, до 29 ноември во светот се регистрирани повеќе од 61.800. 000 случаи на ковид-19. Во исто време, растот минатата недела беше малку помал од неделата претходно – 3.935.330 наспроти 4.060.891.

Бројот на пациенти кои починале од почетокот на пандемијата надмина 1,4 милиони. Повеќе од 69.000 луѓе починаа изминатата недела. Според СЗО, најголем пораст на смртни случаи минатата недела е регистриран во Северна и Јужна Америка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот