Бројот на новозаразени во Грција порасна за 15, вкупно 3.390

Грција аеродромм /Фото: EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Во Грција се регистрирани 15 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, додека од четвртокот нема смртни случаи, соопшти денеска Националата организација за јавно здравје (ЕОДИ).

Вкупниот број на заразени во земјата сега изнесува 3.390, пренесе АНА.

На респиратори се наоѓаат 10 лица, а вкупно 119 пациенти се отпуштени од одделението за интензивна нега.

Вкупниот број на починати и натаму е 191.

Во Грција се тестирани вкупно 308.329 лица.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот