Бројот на новозаразени и починати во Велика Британија расте, а во Италија опаѓа

Здравствениот систем во Британија e под притисок, Џонсон не воведува нови мерки /Фото: Yui Mok / PA Images / Profimedia

Во Велика Британија во изминатите 24 часа се потврдени нови 1.401 смртни случаи од Ковид-19, што претставува пораст во однос на претходниот ден кога беа регистрирани 1.290.

Според официјалните податоци, забележани се 40.261 нов случај на зараза од коронавирус.

Владините податоци покажуваат дека досега првата вакцина против Ковид-19 ја примиле 5,38 милиони луѓе.

Во последните 24 часа во Италија се пријавени нови 472 смртни случаи од коронавирус, што е намалување во споредба со претходниот ден кога починаа 521 лице, соопшти Министерството за здравство во Рим.

Дневниот број на нови случаи на заразени исто така опадна, така што денеска се регистрирани 13.633 новоинфицирани лица, во споредба со вчерашните 14.078.

Од последниот пресек, тестирани се 264.728 лица.

Од почетокот на епидемијата, во Италија се заразиле вкупно 2,44 милиони луѓе, а 84.674 лица починале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот