Бројот на новозаразени и хоспитализирани во САД се намалува

Изгледа дека бројот на нови случаи на Ковид-19 и хоспитализации во САД се намалува, додека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден сè уште верува дека за 100 дена може да ја постигне целта од 100 милиони вакцинации, соопшти денеска работната група на Белата куќа за коронавирусот.

Сепак, Рејчел Валенски, директорка на Центарот за контрола и превенција на болести, предупреди дека новите мутации на Ковид-19 што се појавуваат низ целата земја можат да го загрозат тој позитивен замав.

Ентони Фаучи, владин експерт за заразни болести, рече дека Американците треба да продолжат да ги следат упатствата за физичко растојание, додавајќи дека не е штетно ако луѓето сакаат да носат по две маски за дополнителна заштита.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот