Бројот на новороденчиња во Кичево во слободен пад: Од 1.000 бебиња во 2000 година, до 144 лани

Фото: профимедиа

Најдобар индикатор за иднината на еден град или регион е бројот на новороденчиња. Во тој поглед состојбата во Кичево нималку не е розова, бидејќи од година во година бројот на новороденчиња е се помал и помал, а тој пад е толку голем, што последниве две децении од близу 1.000 новороденчиња во 2000 година, нивниот број во 2020 година да се сведе на само 144 бебиња.

Овие сознанија ги добивме од гинеколошкото одделение во кичевската Општа болница, каде грижливо се води евиденција за бројот на новородени деца.

– Како и во повеќето градови во земјава така и во Кичево, бројот на новороденчиња е се помал и помал, но тоа намалување последните 10-ина години е многу поизразено од претходно, вели Љупче Ристески, гинеколог од кичевската Општа болница.

Тој појаснува дека за само две децении забележано е намалување на бројот на новороденчиња за повеќе од 1.800, за изминатата година да се евидентира бројка од само 144 бебиња.

Ристески наведува неколку причини кои се носечки за вака брзиот пад на бројот на новороденчиња во Кичево и општината.

– За овој пад најважни се неколку причини и тоа: исселувањето на младите во странство и главниот град, во периодот кога создаваат семејство, потоа дел од породувањата наместо во нашата болница се вршат во други градови и болници, а една од причините е секако и немањето анестезиолог во подолг период, што ги присили идните мајки своите принови на свет да ги донесат во други подобро опремени болници, додаде Ристески.

И ако се занемарат овие причини, сепак забрзаниот пад на новодроденчиња е повеќе од евидентен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот