Бројот на новороденчиња во Франција падна за 13 отсто во текот на една година

Стапката на наталитет во Франција падна по првпат од 1975 година. Според Националниот институт за статистички и економски студии (ИНСЕЕ), ова намалување „може да се поврзе” со епидемијата на ковид-19, јави дописникот на МИА.

Бројот на новороденчиња регистрирани во Франција во јануари падна за 13 отсто во споредба со јануари 2020 година. Тоа е досега невиден пад од 1975 година, кој „може да се поврзе” со пандемијата Ковид-19, објави ИНСЕЕ.

Бебињата родени во јануари 2021 година се зачнати на почетокот на првото затворање, односно во средината на март 2020 година. Сепак, „контекстот на здравствената криза и големата несигурност може да ги обесхрабрат паровите да не раѓаат деца” или „да ги охрабрат да ги одложат за неколку месеци нивните родителски планови”, Забележува Институтот за статистички студии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот