Бројот на луѓе кои се возат со автобуси се намалува: Јавниот превоз во првото полугодие загубил 300.000 патници

јсп автобус
Автобус на ЈСП /фото: Архива на Слободен печат

Продолжува трендот на опаѓање на бројот на патници што го користат јавниот превоз во Скопје. Според последниот Финансиски извештај на ЈСП – Скопје, со градските автобуси во периодот јануари – јуни 2019 година патувале 22.271.180 патници, односно за 1,3 отсто помалку во однос на идентичниот период лани, пишува Мета.мк. 

Во скопскиот јавен превоз годинава биле превезени над 285.000 патници помалку.

Бројот на просечно дневно исправни автобуси во првото полугодие изнесувал 262, односно за 20 автобуси помалку во споредба со истиот период од 2018 година.

На само 16 автобуси се намалил и просечниот број на автобуси кои се наоѓаат во резерва за одржување на линиите. ЈСП – Скопје во моментов го финализира тендерот за набавка на нови 30 до 40 единечни и зглобни автобуси, при што во наредните недели ќе се соопшти и производителот од каде ќе се набави модерниот возниот парк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот