Бројот на крводарители сведен на минимум

Така денеска немало нити еден доброволен дарител на крв, а завчера само еден. Поради таквата состојба, на 15 април ќе се одржи вонредна крводарителска акција.

Во станицата за трансфузиологија во Велес која работи во склоп на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, а се наоѓа во кругот на велешката Општа болница, поради состојбата со Ковид -19 бројот на доброволни дарители на крв секој ден е сведен на минимум.

Така денеска немало нити еден доброволен дарител на крв, а завчера само еден. Поради таквата состојба, на 15 април ќе се одржи вонредна крводарителска акција.

Oвие денови по воведување на вонредната состојба, крв во Станицата за трансфузиологија најчесто даруваат роднини на пациенти, како на пример вчера кога дадоа четворица, иако има и такви кои и понатаму самоиницијативно и доброволно се јавиле да даруваат крв, појаснуваат за МИА од Станицата за трансфузиологија во Велес.

Тие апелираат до бројните велешки крводарители кои со години наназад се познати по својата хуманост да продолжат доброволно да даруваат крв, а која и во овие вонредни услови за многу пациенти со итни потреби и итни операции, даруваната крв значи да спасат нечиј живот.

Оттаму појаснуваа дека крводарувањето за сите крводарители кои ќе се јават во Станицата за трансфузиологија во Велес е безбедно и е во согласност со сите препораки на Министерството за здравство за заштита на здравствените лица и крводарителите, а кои строго ги почитуваат.

За илустрација во јануари во станицата за доброволно дарување на крв во Велес се јавиле и дарувале 285 крводарители, а во февруари 283, што значи секој ден имало и по десетина доброволни дарители на крв.

До средината на март бројката одела во нагорна линија, а за да во втората половина на март по прогласување на вонредната состојба поради Ковид-19 бројот на крводарители се сведе на минимум.

-Во март се собрани 185 крвни единици,а од кои најголем дел се собрани во првата половина на март, информираат од Станицата за трансфузиологија во Велес.

Инаку од почетокот на април досега се собрани минимално само 12 крвни единици.

Поради тоа „Црвен крст” од Велес во соработка со Институт за трансфузиона медицина од Скопје на 15 април – идната среда ќе организира вонредна крводарителска акција во Велес од 9 до 14 часот во Ликовниот салон во Велес

-Ги повикуваме сите крводарители кои сакаат да учествуваат на истата да дојдат и да дадат голем придонес за здравјето на населението, апелираат денеска од „Црвен крст” од Велес.

Појаснуваат дека со цел придржување на мерките за безбедност на јавното здравје сите кои сакаат да донираат најдобро е да се јават на тел.бр. 076/368-066 за да добијат термин кога да дојдат на крводарителство со што би се избегнало чекање и конткти со останати граѓани.

Тие појаснуваат дека на крводарителската акција ќе се применуваат сите стандарди и процедури согласно состојбата во која се наоѓаме.

Инаку вонредната акцијата за доброволно дарување на крв се одржува со помош на Општина Велес и Народниот музеј.

Велешани отсекогаш биле хумани во со години биле меѓу најхуманите во земјава. Во изминатите две години во 2019 и 2018 со натфрлените годишни планови за крводарителство беа на првото место по доброволно дарување на крв во земјава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот