Бројот на корисници на мобилна телефони во првиот квартал е 1.9 милиони

Агенцијата за електронски комуникации објави дека бројот на претплатници во мобилна телефонија во првиот квартал годинава изнесува 1.948.535, од кои 877.186 припејд, а 813.367 постпејд резиденцијални, како и 257.982 постпејд деловни претплатници, објави

Според информациите за состојбата со пазарот на електронски комуникации во мобилна и фиксна телефонија, во првиот квартал годинава е реализиран сообраќај од 1.311.733.709 минути.

Во вкупниот број на активни претплатници оне. ВИП има удел од 49,44 проценти, „Македонски телеком” од 48,27 проценти, „Лајкамобајл” од 2,08 проценти, а „Роби” од 0,2 проценти.

Според приходи, најголем е уделот на „Македонски телеком” (51,72 проценти), на „оне. ВИП” изнесува 47,51 процент, на „Лајкамобајл” е 0,57 проценти.

Во првиот квартал во државава биле регистрирани 386.966 фиксни линии, преку кои се реализирани 47.037.160 минути сообраќај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот