Бројот на хоспитализирани во велешката болница опаѓа

Болницата во Велес / Фото: Архива на „Слободен печат“

Во велешката болница иако не драстично, сепак последниве денови постепено опаѓа бројот на хоспитализирани. Денеска се 60 хоспитализирани, а завчера беа 68.

Како што информира портпаролот д-р Весна Неделковска Николова, од вкупниот број на 60 хоспитализирани пациенти, 49 се потврдени позитивни, седум сомнителни и четири пациенти со негативни тестови, а од нив 21 пациент е на кислородна поддршка.

– Лоша вест е што денеска повторно имаме починат во велешката болница како последица од Ковид. Имено, утринава е починат маж на 72 години од Велес примен на 29 ноември потврден позитивен. На Инфективно одделение има 51 и на Физикална пет пациенти. На Интерно Б крак каде се лекуваат пациенти со последици по прележан Ковид моментално има четири пациенти, информира д-р Неделковска Николова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот