Бројот на деца кои живеат само со своите мајки е двојно зголемен во последните 50 години

Бројот на деца кои живеат со двајца родители од 1968 година постојано се намалува, додека процентот на деца кои живеат со нивната мајка, пак е двојно зголемен.

Имено, во 1968 година, 85% од децата под 18 години живееле со двајца родители (без оглед на брачниот статус), а до 2020 година бројката се намалила на 70%, се вели во истражувањето на „Census Bureau’s Current Population Survey“.

Следењето на овие трендови е важно затоа што истите можат да имаат импликации врз иднината на децата.

unsplash

Пред 2007 година, испитаниците можеле да пријават присуство на само еден родител, а децата биле прикажани дека живеат со двајца родители само кога родителите биле во брак. Во спротивно, децата не биле идентификувани како да живеат со двајца родители.

Историски, животот со двајца родители е најчест аранжман за живеење на децата. Во 1968 година, околу 60,0 милиони (85%) деца во САД кои биле на возраст под 18 години живееле со двајца родители. Но, овој број почнал да се намалува меѓу 1968 и 2020 година кога почнал да се намалува  и процентот и вкупниот број на деца кои живеат со двајца родители.

unsplash

До 2020 година, иако овој аранжман за живеење продолжил да биде најчест случај, бројот на деца што живеат со двајца родители се намалил на 51,3 милиони или 70%.

Децата кои живеат само со мајка е втор најчест случај за живеење во САД, број што е двојно зголемен од 1968 година. Околу 7,6 милиони или 11% од децата биле пријавени дека живеат со својата мајка само во 1968 година,  во споредба со 15,3 милиони односно 21% во 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот