Бројните болести и здравствени компликации не можат да го победат најстариот американски претседател

Фото: Џими Картер

Поранешниот американски претседател Џими Картер, откако само пред една недела беше отшуште од болница, повторно е хоспитализиран за викендот, пренесува Си-Ен-Ен.

Тој повторно морал да биде хоспитализиран поради уринарна инфекција, но веќе се чувствува подобро. Тој минатите две недели ги помина во болница во Џорџија.

– Поранешниот американски претседател Џими Картер се чувствуа подобро и се радува дека ќе се врати дома – стои во изјавата која ја објави фондацијата на Картер.

Картер (95) е примен во болница на 11 ноември поради процедура за намалување на притисокот во неговиот мозок, предизвикан од крварење како последица на неговите неодамнешни падови. Во октомври тој двапати беше хоспитализиран, по два пада, го повреди своето око и заработи 14 конци над неговата веѓа.

Претходно се лечеше од рак на мозокот и на неговиот црн дроб. Својот 95 роденден го прослави на 1 октомври, и тој е најстариот жив американски претседател во историјата, титулата која претходно ја имаше Џорџ Буш, кој почина во 2018 година во својата 94 година. И покрај сериозните здравствени проблеми и бројните компликации, Картер никогаш не престана да биде активен, особено во хуманитарните акции. Тој во моментов живее во Плејнс во сојузната држава Џорџија.

Картер во 1976 година го порази републиканскиот претседател Џералд Форд, за како 39-ти американски претседател да отслужи четригодишен мандат во Белата куќа. Тој во 2002 година доби Нобелова награда за мир, за своите напори за пронаоѓање мирни решенија за глобалните судири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот