Бројни јавни личности на македонската премиета на „Врба“ на Манчевски (ФОТО) – Слободен печат
ВестиВи ПрепорачувамеКултураМагазинФилм и ТВ

Бројни јавни личности на македонската премиета на „Врба“ на Манчевски (ФОТО)

Вчеравечер се одржаа првите проекции на најновиот филм на Милчо Манчевски, „Врба“. На гала премиерата во Филхармонија, со долг аплауз, филмот го поздравија бројни јавни личности. 

Додека во Филхармонија се случуваше официјалната премиера на „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски, истовремено имаше проекции на филмот и во кината „Синеплекс“ и „Милениум“, но и во Битола, Охрид и Штип.

На црвениот тепих поставен пред Филхармонија прошетаа бројни личности од јавниот живот. Ви пренесуваме дел од атмосферата:

 

 

 

 

 


Фото: Драги Митрески











Шестиот филм на Манчевски „Врба“ ја следи приказната за три македонски жени кои не го менуваат светот или општеството, но нивната борба да станат мајки ги прави хероини во филмот. Трите приказни, една средновековна, две современи, се огледуваат една во друга и се надополнуваат, истражувајќи теми на љубов, доверба и мајчинство.

„Врба“ е во продукција на “Банана филм” и е македонско-унгарско белгиска копродукција.

Во главните улоги играат : Сара Климоска, Никола Ристески, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев и Камка Тоциновски, а во останатите улоги се Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова-Периќ и други. Музиката ја напиша Кирил Џајковски, дизајнер на продукција е Дејвид Манс, директор на фотографија е Тамаш Добош, а продуцент на филмот е Јане Ќортошев.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close