-2 C
Скопје

Бројките на новозаразени се стабилизираат, мерките се ефикасни ако се почитуваат

Мерките за заштита од вирусот даваат резултати и доколку се почитуваат, дополнителни не се потребни, рече министерот за здравство Венко Филипче. Тој вчера соопшти дека врвот на епидемијата е достигнат пред една недела и од тогаш бројките се стабилизирани. Групирањето во домашни услови останува ризик, рече, укажувајќи дека огромен дел од ефикасноста на мерките зависи од свеста на граѓаните.

– Бројот на нови позитивни случаи три недели во континуитет е прилично еднаков, нешто што го нотира и СЗО, а тоа е дека бројот на нови случаи забавува.  Практично сме на ниво на едно плато, што е доказ дека Р0 факторот е значајно намален и сега изнесува 1. Апелирам на почитување на мерките, како едиствен начин во моментов целосно да ја стабилизираме состојбата, истакна вчера министерот за здравство. 

Во речиси две третини од градовите, рече Филипче, има сериозно намалување на инциденцата, а критични остануваат Куманово, Штип, Прилеп, Битола и Скопје. За денеска најави средба со раководството на Прилеп, но рече дека според оценката на епидемиолозите засега во Прилеп и Битола не се потребни порестриктивни мерки.

На почитување на мерките повика и вицепремиерот за борба со корупцијата Љупчо Николовски откако на средба со инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат вчера бил информиран дека во последните четири дена се доставени 7500  решенија за изолација на лица заразени со вирусот и на лица кои имале контакти со позитивни.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Кина изгради нова ковид болница со 1.500 соби за само 5 дена: Секоја има свој тоалет и интернет

-Тоа драстично зголемување е показател дека влегуваме во можеби најкритичниот период од пандемијата. Факт е дека здравственот систем е оптоварен и затоа повеќе од кога било е важно да ги почитуваме мерките и протоколите, да носиме маска, да одржуваме растојание и да нема групирања. Само така, заеднички, ќе ја надминеме оваа здравствена криза, која притиска и врз економијата, рече Николовски.

Ресорниот министер на прес-конференција соопшти дека анализа на Институтот за јавно здравје покажува дека процентот на позитивни од тестираните се движи меѓу 36 и 41. Највисок односно 41,2 проценти дијагностицирани од тестирани имало на 17 ноември, кога беа регистрирани најголем број нови случаи – 1407, а потоа има постепено и благо опаѓање.

Меѓутоа, пораст има на смртните случаи што, рече Филипче, е евидентно и на глобално ниво. Охрабрува порастот на оздравени пациенти, додаде министерот, зашто минатата недела во однос на неделата претходно имало 45 проценти повеќе излекувани.

Прочитајте и...  Палењето знаме е примитивизам што треба да се казни

Вкупниот број пациенти позитивни и сомнителни кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1296, соопшти вчера Министерството за здравство. Слободни се околку 160 болнички кревети во КОВИД-центрите и до сите има централен довод на кислород или кислородни концентратори.

– Просекот на хоспитализирани во изминатите две недели е околу 1280 пациенти, а процентот на хоспитализирани од активни е 6.7 и овој процент е речиси константен, но притисокот врз болниците и медицинските работници е сè уште голем, рече Филипче,  додавајќи дека е мобилизиран кадарот на сите одделенија во болниците и се ангажирани дел од приватните специјализанти.

Со прогласената кризна состојба, на располагање е и кадарот од Воено-медицинскиот центар, така што 12 доктори и 20 медицински сестри од понеделник ќе се вклучат во работата во КОВИД-одделенијата  во Скопје.

Вчера земјава доби 13 500 брзи тестови донирани од Норвешка. Од нив 10 000 се за Министерството за задравство односно за потребите на граѓаните, а 3500 се наменети за зголемена безбедност на припадниците на Армијата.

Прочитајте и...  Во Скопје казнети 219 возачи, 18 возеле без дозвола

Во вчерашниот билтен беа евидентирани 1093 новозаразени од 3084 тестирања во 24 часа. Починаа 28 луѓе, од 39 до 85 години, а деветмина од нив во Скопје. Во главниот град новозаразени има 431 и активни 10 211 случаи.

Високи бројки на новодијагностицирани вчера имаа Гостивар (94), Прилеп (60), Куманово (57) и  Велес (55). Во Кавадарци се регистрирани уште 44 нови случаи, по 41 во Штип и Тетово и по 37 во Битола и Охрид. Во Струга  29 новозаразени, 20 во  Свети Николе, 19 во Неготино, 18 во Струмица, 15 во Кичево, по 14 во Дебар и  Гевгелија, Кочани – 13, Радовиш – 11, Ресен – 10, Крушево – осум, по седум во Крива Паланка и Делчево, по тројца Валандово и Виница, по двајца во Пробиштип и  Македонски Брод и еден нов заразен во Кратово.

Институтот за јавно здравје вчера регистрираше и 819 оздравени пациенти. Во девет месеци епидемија во земјава, бројот на КОВИД-дијагностицирани достигна  59 701. Починаа 1658 луѓе, оздравени се 36 825, а активни се  21 218.

Поврзани вести

ВИДЕО I Поранешен агент на ШИК открива нечуени детали за припадникот на косовската полиција, Фадил Сулевиќ, кој вчера беше пронајден мртов во близина на Приштина: Еве што знаеше и кој се плашеше …

И.И.

ФОТО | „Доста беше“: Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ роденденски ја запроси девојката Сања

СП.

Среќа во несреќа: Нема повредени патници на ЈСП во сообраќајката кај Шумарски факултет

Слободен печат

Изградба и обнова на основни училишта со 328 милиони денари, за средните 19,7 милиони

Слободен печат

Филипче: Тие што прележале засега не треба да се вакцинираат

И.И.

Владата повторно ќе дава субвенции, овој пат 52 милиони денари ќе бидат поделени за енергетско ефикасни прозорци и сончеви колектори

И.И.

Остави Коментар