Бројката се ближи до стотка: Над 95 милиони луѓе во светот се заразени со ковид-19

EPA EFE
Фото: EPA-EFE/LYNN BO BO

Бројот на заразени со ковид-19 во светот се искачи над 95 милиони луѓе, а од последици од заразата досега починале 2.034.623 милиони лица, додека оздравеле приближно 68 милиони.

Според податоци на сајтот „Ворлдометер” (worldometers.info), од почетокот на пандемијата до денеска со ковид-19 во светот се инфицирале 95.168.543 милиони луѓе, а оздравеле 67.937.306 милиони лица.

Најпогодени од пандемијата се САД, каде се регистрани над 24,3 милиони пациенти и повеќе од 405.000 смртни случаи.

На второ место по бројот на смртни случаи е Бразил, каде од последици од вирусот починале 209.350 луѓе, а вкупно се заразени над 8,4 милиони лица. Потоа следи Индија со над 10,5 милиони инфицирани луѓе и над 152.000 смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот