Бројката на заразени од коронавирус во Њујорк порасна на 8.500

Фото: EPA-EFE/Peter Foley

Во американската сојузна држава Њујорк се забележани околу осум и пол илјади случаи на заразени од новиот коронавирус, што е речиси половина од сите забележани случаи во САД, соопшти гувернерот на државата Ендру Куомо.

-Колку повеќе се прават тестови, толку повеќе се добиваат позитивни резултати. Во просек, ние правиме многу повеќе тестови отколку Кина или Јужна Кореја, изјави тој.

Тој додаде дека за 24 часа бројот на заразени во сојузната држава се зголемил за три пати. Заклучно денеска, бројот на заболени е 8.403 луѓе, од кои повеќе од половина се од градот Њујорк, според податоци на „Џон Хопкинс”, водечки центар за медицински истражувања.

Претходно, беше јавено за првиот случај на Ковид-19 во седиштето на ОН. Се работи за случај на вработена од дипломатската мисија на Филипини.

Куомо синоќа ги повика компаниите во државата да организираат работа од дома за 75 отсто од своите вработени. Тој изјави дека засега не планира да воведе општ карантин во градот Њујорк.

Според „Џон Хопкинс” вкупно забележани случаи во САД се нешто помалку од 20 илјади, а досега починале 260 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот