Бројката на заразени лица од коронавирусот во Албанија се искачи на 146

Ковид-болница во Тирана / фото: EPA/EFE

Зголемен е бројот на заразени лица од вирусот Ковид-19 во Албанија. Според министерството за здравство во последните 24 часа регистрирани се нови 23 случаи.

Со тоа, бројката на заболени се искачи на 146 лица. Во главниот град Тирана е проширен бројот на заразени, додека за прв пат регистриран е и случај во Круја.

– Мапата на заразени од Ковид-19 е проширен во Тирана додека за прв пат има заразено лице во Круја. Вирусот продолжува да се шири во Корча, Фиер, Драч и Лежа, изјави заменик министерката за здравство Мира Ракацоли.

Добрата вест е дека во моментот 17 лица се комплетно излечени од коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот