Бројката на загинати на протестите во Иран ги загрижува ОН

Фото: EPA-EFE/MURTAJA LATEEF

Високиот комесаријат на ОН за човекови права ја осуди употребата на сила, вклучувајќи и употреба на боева муниција, врз демонстрантите во Иран.

Комесаријатот изразува загриженост заради информциите за „голем” број мртви низ земјата.

ДПА, цитирајќи го Амести интернешенел, јави дека во протестите имало над 100 мртви демонстранти.

-Посебно сме загрижени заради употребата на вистинска муниција која предизвикала смрт кај голем број лица ширум земјата, изјави портпаролот на комесаријатот Руперт Колвил, повикувајќи ги иранските власти веднаш да го вратат пристапот до интернет и другите форми на комуникации што ја овозможуваат слободата на изразување и пристап до информациите.

Од петокот вечерта во Иран има демонстрации заради ненајавеното зголемување на цената на горивата.

Високиот комесаријат на ОН наведува дека се погинати неколку десетици лица, но додава дека оваа бројка е тешко проверлива. ОН додаваат и дека во немирите се повредени и повеќе од 1.000 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот