Бројката на повредени во земјотресот во Измир се искачи на 607, спасувачките служби не застануваат

epa08786467 Rescue workers and people search for survivors at a collapsed building after a 7.0 magnitude earthquake in the Aegean Sea in Izmir, Turkey, 30 October 2020. According to Turkish media reports, at least six people died while hundreds were injured and dozens of buildings were destroyed in the earthquake. EPA-EFE/STRINGER

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изрази сочувство на Твитер, велејќи: „Зборовите се премногу сиромашни за да се опише чувството на губење деца“. пренесува Бета.

Во меѓувреме во локалната болница на островот Самос во Грција помош побараа уште 8 лица со полесни повреди.

И претседателот на Турција, Реџеп Таир Ердоган на Твитер им се обрати на сите граѓани погодени од земјотресот во Измир.

„Со сите средства на нашата држава, ние стоиме покрај нашите граѓани погодени од земјотресот. Презедовме акција за започнување на потребната работа во регионот со сите наши релевантни институции и министри“ напиша Ердоган.

Гувернерот на Измир, Јавуз Селим Косгер, изјави дека најмалку 70 лица се спасени од урнатините. Тој рече дека десет згради се срушиле и дека другите се оштетени.

Продолжуваат напорите за пребарување и спасување во најмалку 12 згради, објави АФАД.

Турскиот министер за здравство Фахретин Коца на Твитер објави дека во спасувачката операција во Измир се ангажирани 38 амбуланти, два хеликоптери и 35 медицински спасувачки екипи.

Претседателството на турската администрација за катастрофи и вонредни ситуации објави дека центарот на земјотресот во Егејското Море е на длабочина од 16,5 километри.

Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар соопшти дека земјотресот бил со прелиминарна јачина од 6,9 степени, со епицентар на 13 километри северо-источно од грчкиот остров Самос.

Американскиот геофизички институт и турските медиуми објавија дека земјотресот регистриран на запад од Турција бил со јачина од седум степени според Рихтеровата скала и дека тоа предизвикало уривање на неколку згради.

Министерот за животна средина и урбанистичко планирање Мурат Курум рече дека луѓето се заробени под урнатините и дека сите расположливи екипи за спасување во моментот се на терен.

Видеа објавени на Твитер покажаа дека непосредно по земјотресот, поплави ја погодија областа Сеферисар во Измир.

Турските власти и медиумите ги повикаа луѓето да не излегуваат на улица.

Земјотресот ги погоди источните грчки острови сè до престолнините Атина и Бугарија.

Турските медиуми објавија дека земјотресот бил почувствуван во егејскиот регион и во Мармара, каде се наоѓа Истанбул.

Бројката на повредени во земјотресот во Измир се искачи на 607 соопшти агенцијата за управување со катастрофи.

ВИДЕО: Земјотресот предизвика мини цунами, поплавени улиците во Измир, се бараат затрупаните

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот