Бројката на починати од ковид-19 во светот надмина два милиони

коронавирус
Илустративна фотографија / Фото: ЕПА

Бројот на смртни случаи од коронавирусот во светот надмина два милиони, откако страницата за следење на пандемијата „Ворлдметер”, ноќеска прикажа дека досега во светот умреле 2.000.223 лица од Ковид-19.

Од почетокот на пандемијата 93.443.135 лица се заразени со вирусот, а 66.682.010 заздравеле.

Како активни случаи во моментов се водат 24.760.902 случаи, од кои 0,5 проценти од пациентите се наоѓаат во критична состојба.

Најголем број на смртни случаи се регистрирани во САД, каде досега умреле 397.264 лица, по кои следуваат Бразил со 207.095 и Индија со 151.954 умрени пациенти.

Од европските земји, највисока стапка на смртност има Обединетото Кралство, каде 86.015 лица ја загубиле битката со коронавирусот, по што следат Италија со 80.848 и Франција со 69.313 смртни случаи.

САД се рангирани на првото место и по бројот на потврдени случаи, од кои досега се регистрирани 23,8 милиони, пред Индија со 10,5 милиони и Бразил со 8,3 милиони заразени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот