Бројката на починати лица од коронавирусот во Албанија се искачи на 11

Ковид-болница во Тирана / фото: EPA/EFE

Уште едно лице денеска почина во Албанија од короанвирусот. Се работи за 79-годишен маж од Тирана. Со тоа бројката на починати лица од коронавирусот во Албанија се искачи на 11.

Од Министерството за здравство информираа дека регистрирани се нови 11 случаи на лица заразени со Ковид-19.

-Во последните 24 часа тестирани се 90 лица, од кои 11 се позитивни на Ковид-19. До овие моменти се тестирани вкупно 1.526 сомнителни случаи од кои позитивни се 223. Утрово почина во Инфективната Клиника 79-годишен пациент од Тирана. Тој во болница беше примен пред 18 дена. Бројот на починати лица во Албанија од корнавирус е 11, се вели во соопштението на министерството за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот